еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) „Македонија блокира“ времено го блокираше граничниот премин Богородица

Во знак на протест против менување на името на Република Македонија, попладнево приврзаници на „Македонија блокира“ предводена од Јанко Бачев од „Единствена Македонија“ времено го блокираа граничниот премин „Богородица“ во делот за влез во земјава извикувајќи пароли „ова е наша земја“ и дека ќе застанат во одбрана на промената на уставното име на државата.

Присутните на блокадата од повеќе организации, порачаа дека се дојдени од тука да се слушне нивниот глас и дека ќе ја продолжат битката пред Собранието на РМ, дека ќе ги посетуваат домовите на пратениците и оти од овој момент, како што рекоа, почнува семакедонскиот отпор кој ќе трае до заминување на оваа Влада.

Маједонија-Блокира на граничниот премин 'Богородица'

Posted by Единствена Македонија on Недела, 25 ноември 2018

Во моментот протестантите се повлечени од граничниот премин „Богородица“ каде сообраќајот се одвива нормално на излез и влез во земјава.

МИА/Видео/фото: Фејсбук/Единствена Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

Судот го одби барањето за прекинување на „ТНТ“, поради нерешената состојба со Јанева

Редакција

Вонреден состанок на валандовскиот кризен штаб поради состојбата со Ковид-19

Редакција