еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) „Македонија е грчка“, една од главните пароли на погребот на убиениот Грк во Албанија

Денеска во селото Буларат во близина на албанско-грчката граница беше погребан Константинос Кацифас (35), кој беше убиен од албанската полиција, откако пукал со калашников кон полицајци, кои сакале да тргнат грчко знаме, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

На погребот освен членови на фамилијата, присустуваа и жители на селото, Грци што живеат во Албанија, но и Грци од Грција.

Меѓу присутните беше и лидерот на партијата на грчкото малцинство во Албанија, Партијата за заштита на човековите права, Вангел  Дуле, кој рече дека вистината за убиството на Кацифас мора да излезе на виделина и грчкиот пратеник од Нова демократија, Савас Анастадиас.

Албанските медиуми известија дека на неколку Грци, кои од полицијата биле препознаени како екстремни националисти им бил спречен влез во Албанија.

Погребот сепак не помина без политика. Една од главните пароли на бројните грчки знамиња беше „Македонија е грчка„, а присутните извикуваа или носеа знамиња и со други антимакедонски и антиалбански пароли од типот: „Ворио Епир е грчка и Македонија е грчка„, „Албански кучиња“, „Албанија е Ворио Епир“, „Бегајте Албанци, ова е Грција“…

Ворио или Северен Епир, Грците го нарекуваат јужниот дел на Албанија.

Како што известуваа грчките медиуми денови, Кацифас учествувал на протестите за името Македонија.

Според албанските медиуми политиката на погребот „ја донеле“ припадници на Златна зора, во која според албанските медиуми членувал и Кацифас.

На погребот не беше „поштеден“ ни премиерот Алексис Ципрас.

Убиството на Кацифас предизвикаа тензии во односите помеѓу Албанија и Грција, а од пред неколку дена во истрагата за убиството се вклучија и грчките власти.

Фото: Фејсбук/Кацифас/видео: ТВ Скај/newsittv

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Телото на убиениот Грк во Албанија предадено на фамилијата

Грчки медиуми: Албанските власти кријат докази за убиството на Кацифас

(ВИДЕО) Објавена снимка од престрелката на убиениот Грк со албанската полиција

Мајката на убиениот Грк во Албанија: „Мојот син никогаш немаше проблем со полицијата, само сакаше да го подигне грчкото знаме„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Официјално: Осум деца и чуварот убиени од 14-годишник во училиште во Белград

Редакција

(Видео) Како изгледа кампањата за производите од грчката област Македонија

Редакција

Британката која падна во море од крузер во Хрватска, спасена по девет часа потрага

Редакција