еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Маноиловски: Да ги амнестираме вмровците, поевтино е

Пратеникот од ДУИ, Бранко Маноиловски, на денешната расправа во Собранието за уставните измени, порача да се амнестираат сите обвинети функционери и партиски активисти и државата да ги заштити пратениците за да можат слободно да гласаат.

Целта е, рече тој, ЕУ, НАТО, високи плати, добра економија и навремени пензии, се друго, според него е споредно.

„Вмровците се прекрасни луѓе, но зависат од партијата. Јас би сакал да предложам нешто практично. На секој вмровец кој ќе гласа за предлогот, државата да стои позади него, да гарантира за неговата иднина, но прво ќе треба да гласа, и ќе се знае кој ќе гласа.

Да се амнестираат сите грешници, амнестија за сите, поевтино е. Се друго е скапо, затворските соби се скапи. Дајте да ги амнестираме, доста патеа, премногу пропатија, пројдоа маки. Да бидеме практични. Поевтино е да им помогаме на вмровците, да стоиме зад нив ако имаат нешто критично во партијата, да можат слободно да гласаат“, изјави Маноиловски.

По излагањето на неговиот соопартиец, Артан Груби за Алсат М, изјави дека ставот на Маноиловски не е партиски, туку личен.

Фото/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Маџар телеком“, „Тарифа“ и „Топлик“ на СЈО

Редакција

Унгарски медиуми: По скратена постапка донесена одлука за барањето за азил на Груевски

Редакција

Заборави ли Заев на „пржинската влада“ 100 дена пред избори?

Редакција