еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Масакр во Канада: Стоматолог преправен во полицаец уби најмалку 16 лица

Најмалку 16 лица се убиени во напад што траеше 12 часа во канадската провинција Нова Шкотска.

Габриел Вортман (51) пукал кон луѓе во неколку места во таа провинција. Властите се уште не го утврдиле точниот број на жртви и тој може да се зголеми.

Ова е најтешкиот масакр во историјата на Канада. Во 1989 година во Монтреал беа убени 14 луѓе.

Напаѓачот носел делови од полициска униформа и, наводно, користел еден автомобил кој наликува на патролен. Тој не бил службеник за спроведување на законот, туку стоматолог.

Вортман загинал по потера низ целата провинција. Засега не се познати мотивите за нападот и нема прецизни информации околу смртта на напаѓачот.

Фото/Видео: Independet/Youtube/Guardian news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски: После втора доза на „АстраЗенека“ не се забележани несакани реакции

Редакција

Невакцинираните нема да бидат примени во градинка: Во Скопје за еден ден 488 деца добија МРП вакцина

Редакција

(Видео) Хамас со ракетен напад врз Тел Авив

Редакција