еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Меѓу загинатите и две деца: Маж во Албанија уби осум и рани шестмина свои роднини

Дваесет и четиригодишен маж синоќа околу 19 часот со автоматска пушка смртно застрела осум и рани уште шестмина членови од на неговото семејство во селото Ресулај, кај албанскиот приморски град Валона.

Според полицијата, меѓу убиените се и три жени и две деца.

Убиецот прво влегол во куќата на 75-годишниот брат на дедо му и го усмртил со рафали од автоматска пушка, заедно со неговата 72-годишна сопруга и нивниот син и снаа на возраст од 45 и 42 години.

Потоа, заминал во домот на другиот син на братот на дедо му, која била во близина, каде ги убил 43-годишниот сопственик на куќата, неговата 42-годишна сопруга и нивните две деца на возраст од 16 и осум години.

Во нападите во двете куќи се ранети уште шест лица, членови на истото семејство.

Веднаш потоа убиецот се дал во бегство. Полицијата претпоставува дека тој се крие во блиската шума.

Во потрага по него се вклучени бројни полициски сили, како и припадниците на специјалната единица Ренеа и единицата за брзи интервенции.

Полицијата апелира за соработка до граѓаните, но и предупредува да бидат внимателни бидејќи бегалецот е вооружен и опасен по околината. За каква било информација која би помогнала да биде фатен, полицијата ги замолува граѓаните да се јават на бесплатна телефонска линија.

Во селото синоќа пристигнаа и министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај и генералниот директор на полицијата Арди Велиу, кои одблиску ја следат акцијата.

Повикани на разговор се родителите на убиецот, кои тврделе дека не ни знаеле дека тој поседува оружје и дека трагичниот настан се случил откако една од убиените жени го обвинувала дека е крадец.

Мотивите за масакрот се уште не се познати.

Видеото на www.javanews.al, погледнете го ОВДЕ.

МИА/Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјотрес со јачина од 4,1 степен ја стресе Албанија

Редакција

Панди Јани е кандидат на албанската опозиција за градоначалник на Пустец

Редакција

Грција: Весникот „Документо“ објави нова листа со прислушувани со софтверот „Предатор“

Редакција