еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мерко: Mоже требаше да купам уште поубаво возило, нема да се возам во „фиќо“

Градоначалникот на Општина, Струга Рамиз Мерко во гостување на ТВ 24 рече дека не е пишман за „аудито“ од 67.000 евра што го купил, а можеби требал да купи уште поубаво возило.

На прашањето зошто не ги користи „шкодите“ кои ги набавила Општината, тој вели дека тој автомобил оди со помала брзина.

-Струга е одалечена скоро 200 километри, на едно доаѓање 400 километри. Не е срамота градоначалник да седи по патишта? „Шкодата“ ќе оди со помала брзина. Јас увидов и се изгласа на Совет да земеме таква кола и тука нема проблем. За каков градоначалник Ви се чинам јас? Да одам со фиќо? Во 2005 кога бев градоначалник користев „опел вектра“ од Општина Луково. Во 2006 дојде во посета на Струга тогашниот претседател на Србија, Тадиќ. Имаше делегации во возила како „ауди“ и „мерцедеси“, а јас со „опел вектра“. Не вреди градоначалник со скинати алишта и слаба кола, рече Мерко.

Долговите на Општината според Мерко се ирелевантни, и 4 милиони евра ќе бидат исплатени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тендер „тежок“ 113.000 евра: Општина Струга купи луксузно „Ауди А6“ и уште три возила од „Јосифов“

„Поздрав“ до Мерко: Хрватски градоначалник заменил три службени автомобили со еден

Мерко нема свој автомобил, но има шума и стан во Драч

“Мерко нема мерка“: Твитер за новата лимузина во која ќе се вози градоначалникот на Струга

Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Меѓународен сојуз”: Бизнисмени тврдат дека му дале 350 илјади евра кеш на Боки 13

Редакција

САД стојат зад Македонија како сојузник и како пријател, порача Рикер на “Преспа форумот за дијалог“

Редакција

ЗК „Пелагонија“ го продава „Скопско поле“ на „Жито Полог“ за 3,2 милиони евра

Редакција