еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Мицкоски ќе протестира за името

Денес е финалниот акт на еден срамен процес во кој Република Македонија е втурната од страна на премиерот Зоран Заев и владејачкото мнозинство, изјави денеска пред собраниската зграда претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

До промената на Уставот со цел промена на уставното име, како што посочи, се доаѓа не по демократски пат, туку преку акт на насилство врз процедурите, уцени и закани врз пратениците и нивни блиски.

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ на денешната седница нема да дадат легитимитет за промената на Уставот затоа што, како што додаде, таквите измени немаат легитимитет од  граѓаните.

-Цврсто сме убедени дека тие се штетни и оставаат траен белег врз македонското национално достоинство и го менуваат идентитетот, пред се институционалниот, вели Мицкоски.

На референдум, како што истакна Мицкоски, Зоран Заев не доби поддршка за менување на Уставот и името, туку тоа го прави на криминален начин преку користење на судските и обвинителските механизми за уцена на пратеници да гласаат.

– Останува запишано дека името не го менуваат граѓаните туку 80 пратеници обезбедени по пат на уцени и закани, вели тој и додава дека кај дел од пратениците имаме гласање под уцена, а не гласање по убедување и волја.

Оваа Влада, како што нагласи Мицкоски,  го губи легитимитетот затоа што спроведува политика која нема легитимитет од граѓаните.

-Северна Македонија можеби е на Заев и тесните соработници кои преку промена на името сакаат да си ја сочуваат позицијата и привилегиите што тие ги носат, но мојата татковина и на граѓаните е Република Македонија, онаа за која што мнозинството гласаше на референдум на 8 септември 1991 година.  Се нанесува тешка неправда и прават огромна штета и во една ваква ситуација отпорот е она што ни преостанува, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се обрати до граѓаните велејќи дека и тој ќе го користи демократското право мирно и достоинствено да протестира и пркоси за сето она што се случува и ќе се случува денес, но и следните денови во Собранието.

-Ве молам искрено од дно на душа да не подлегнувате на провокации, ниту на измислени информации и конструкции од инфилтрирани полициски структури. Ве повикувам да ни се придружите и да останеме достоинствени, иако сакаат да ни го одземат достоинството, да останеме честити, иако државата е окупирана од нечестита власт, рече Мицкоски и додаде дека единствениот одговор и вистинската сила лежи во граѓаните оние чија волја власта брутално ја гази на дневна основа.

Мицкоски не беше придружуван од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и притоа не сакаше да одговара на новинарски прашања.

МИА/Фото/видео: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со легализацијата на марихуаната секој ќе може да одгледува две-три стебла за лична употреба, најавува Заев

Редакција

Татко ѝ на Калина на промоцијата на книгата праша: Зошто на Кајмакчалан некој ја пуштил гласината за наводно исчезнати мајка и дете

Силвана Жежова

Денеска тет-а-тет средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Редакција