Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Будимпешта се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
“На средбата со г. Виктор Орбан изразив загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кои се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.
И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции“, напиша за средбата Мицкоски на својот Фејсбук профил.
На средбата со г. Orbán Viktor изразив загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кои се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава. И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции.
Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 30 јули 2019
Фото/видео: Мицкоски/Фејсбук