еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Мицкоски за „360 степени“: Каде беа правните експерти да го критикуваат Бранко Црвенковски за „Големото уво“

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, во гостувањето на телевизија „Алсат-М“ во емисијата „360 степени“ одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа што може кривично да одговара, бидејќи поседува искази, наредби и резултати од вештачењата во истрагата за „Рекет“, случајот го поврза со аферата „Големо уво“ на Бранко Црвенковски.

„И самите кажавте дека голем број правни експерти се вознемирија за мојата прес конференција, кои се тие материјали, како сум ги добил, што се тие материјали и слично, а истите тие правни експерти, се сеќавате на една, исто така голема афера – „Големото уво“, кога тогашниот прв човек на СДСМ, Бранко Црвенковски кажуваше дека некој му ги оставил пред врата. Не сум слушнал дека некој од нив тогаш го критикуваше сето тоа. Не сум слушнал некој од нив да каже некоја критика или да се повика на законите и Уставот„, рече Мицкоски.

Видео: 360 степени/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги доближуваат ли ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ставовите за уставните измени: И Таравари ќе бара гаранција од ЕУ дека ќе нема нови услови

Редакција

Барањата на приватните специјализанти ќе се решаваат по изборите

Редакција

Средба Османи-Захариева: Неопходно С. Македонија да ги признае историските реалности

Редакција