еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Мицкоски започнува со материјал „Ветено, неисполнето“ на Заев и СДСМ

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски денеска најави дека започнува со материјалот „Ветено, неисполнето“ на Зоран Заев и СДСМ, а прва општина е Струмица.

„Овдека се наоѓаме пред зоната Сачево, која што беше ветена од страна на Зоран Заев пред многу години дека ќе бидат изградени 16 фабрики и дека ќе вработат до 2.500 граѓани, жители во Општина Струмица, но и од околните општини кои што гравитираат околу општината Струмица.

Како што можете да видете години потоа оваа зона е празна, нити една фабрика немаме, ниту едно ново вработување. Ова треба да биде пример за граѓаните на Република Македонија како не треба да се даде довербата на политичари кои што само ветуваат, а ништо не исполнуваат. Политичари кои што многу зборуваат и додека зборуваат лажат“, изјави Мицкоски.

Фото/видео: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По пронајден череп: Скопјанец осомничен за убиство во Долно Дупени

Редакција

Османи: Засега без договор со СДСМ за можниот консензуален кандидат за претседател

Редакција

20.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнат на 19 и 26 април

Редакција