еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Милошоски пушти аудио-снимка во Собранието: З.З знаел чии биле парите, за Боки 13 да ја финансира телевизија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната расправа за Предлог – законот за Јавно обвинителство, од собраниската говорница пушти аудио-материјал, на кој, како што рече се слуша гласот на З.З. како збори за финансирањето на телевизијата на обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски.

„Му требаат пари за телевизијата и прави комбинации. Го прашав од каде парите за телевизија. Тој ми рече од Хрватска, но главно од Циле, Силјан Мицевски од тоа проектот за старечките домови,“ прочита Милошоски од транскриптот.

Снимката, како што изјави Милошоски била доставена од „свиркач“ и истата, оценува тој, содржела индиции за вмешаност во криминал.

СДСМ го повика Милошоски материјалот да го достави до институциите.

„Ако се толку уверени во своите лаги, итно нека поднесат се што имаат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да ги видиме наводните докази. Милошоски е очаен криминалец и очигледен е стравот кај него од владеење на правото и од независен судски систем што впрочем се обезбедува со носењето на Законот за јавно обвинителство“, се вели во соопштението на СДСМ.

Видео: А1он.мк/ Фото: Фејсбук/Милиошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, велат од Антикорупциска, ама Министерството за правда не ја чува документацијата за да тоа се докаже

Редакција

Промет од 666.000 евра со акциите на „Тетекс“ за осум месеци

Редакција

Во Боговиње има 7, во Брвеница и Теарце по 5, а во Желино има 1 лице заболено со Ковид-19

Редакција