еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Младата активистка Тунберг им го „плесна“ на светските лидери: „Како се осмелувате, ми ги украдовте соништата и детството“

Шведската активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, која на Самитот на Обединетите нации за климатските промени во Њујорк пристигна со едрилица од Шведска, со своето обраќање повторно ја освои светската јавност.

Таа со прилично емотивен говор на Самитот ги осуди светските лидери затоа што пропуштиле да преземат сериозни мерки во борбата против климатските промени, потенцирајќи дека цели екосистеми се распаѓаат и дека сме на почеток на масовно исчезнување, а дека лидерите цело време зборуваат само за пари и економски раст.

“Сето тоа е погрешно. Јас не би требало да бидам тука, туку на училиште од другата страна на океанот, но сите Вие доаѓате кај нас младите и барате надеж во нас. Како се осмелувате? Вие ги украдовте моите соништа и моето детство со празни зборови“, рече Тунберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последиците од глобалното затоплување се забрзуваат: Последните пет години најтопло во историјата на мерењата

Фото: CNN/видео: Твитер/ABC News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рускиот митрополит Антониј утре доаѓа во Скопје

Редакција

(ВИДЕО) Едно лице загина, а седуммина се повредени во несреќа на патот Гостивар-Кичево

Редакција

Исчезнат е Александар Јошески од Прилеп, од вчера му се губи секаква трага

Редакција