еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) МВР го објави спотот за Денот на полицијата: Македонското знаме „блескаше“ во сина боја

Министерството за внетршени работи денеска со повеќе пригодни настани го одбележа 7 мај – Денот на македонската полиција.

По тој повод беше објавен и видео-спот снимен за одбележувањето на овој датум.

Инаку, денеска раководството на МВР им оддаде почит на загинатите бранители со положување свежо цвеќе.

Во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ раководството на МВР, дел од вработените, поканети гости од Дипломатскиот кор имаа можност да присуствуваат на церемонијата по повод одбележувањето на 7. мај –Денот на полицијата, проследувајќи го обраќањето на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, показни вежби од страна на Единиците на МВР, како и доделување плакети за посебен придонес и заложба во работењето на министерството за вработени во МВР и плакети за благодарност до претставниците на Дипломатскиот кор.

Фото/Видео: Youtube/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Црн петок“: 33 починати од Ковид-19, најмладиот на 38-годишна возраст

Редакција

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на Нефи Усеини од 30.000 евра, битолска Апелација треба да пресече дали ќе излезе од притвор

Редакција

Возач на автобус од Македонија загина во сообраќајка во Италија, 12 лица се повредени

Редакција