еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) МВР откри лабораторија за производство на марихуана во Булачани

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје на 02.03.2020, по претходно добиени оперативни сознанија, во близина на последната автобуска постојка во Хиподром, изврши легитимирање и личен преглед на лицето А. М. (27) од  с.Булачани, информира МВР.

При претресот кај лицето пронајдена е една кеса во која имало две полиетиленски ќеси со марихуана и една дигитална вага.

По обезбедена судска наредба, извршен е претрес во домот во с.Булачани  каде што е пронајдена лабораторија  за производство на марихуана, во која се пронајдени 69 садници високо квалитетна марихуана – (сканк) , како и техничка опрема составена од греачи, грејни сијалици, пумпа за вода, филтер и систем за вентилација, три поголеми најлонски кеси со марихуана спремна за продажба, четири пластични шишиња со кафеава течност – масло произведено од марихуаната.

А.М. е лишен од слобода во полициска станица  за понатамошни мерки, а за настанот е известен дежурен Јавен обвинител.

Фото: МВР/Видео: Youtube/MVR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Редакција

Бугарија сака Бугарите во Македонија да влезат не само во Преамбулата, туку и во нормативниот дел, откри Пендаровски

Редакција

Двајца охриѓани претепале брачен пар по вербална расправија за сообраќајка

Редакција