Деновиве ги читам изјавите на бугарските националисти во врска со историјата на македонскиот народ и не можам да се изначудам на нивните небулози, напиша на својот Фејсбук профил, македонскиот оперски пејач Благој Нацоски.
„Особено апсурдна е онаа во која ја негираат нивната фашистичка окупација на Македонија. Со ова мое видео сакам да ги потсетам што се случило токму на денешен ден пред 76 години во месноста Моклиште, Тиквешко!
Белки како знак на добрососедство и пријателство бугарскиот претседател ќе се поклони пред споменикот во Ваташа и ќе му се извини на целиот македонски народ за злосторите како овој и оној во Дабница во 1942“, напиша Нацоски.
Деновиве ги читам изјавите на бугарските националисти во врска со историјата на македонскиот народ и не можам да се изначудам на нивните небулози. Особено апсурдна е онаа во која ја негираат нивната фашистичка окупација на Македонија. Со ова мое видео сакам да ги потсетам што се случило токму на денешен ден пред 76 години во месноста Моклиште, Тиквешко!Белки како знак на добрососедство и пријателство бугарскиот претседател ќе се поклони пред споменикот во Ваташа и ќе му се извини на целиот македонски народ за злосторите како овој и оној во Дабница во 1942.
Posted by Blagoj Nacoski on Недела, 16 јуни 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Какви биле размислувањата на Гоце Делчев за Бугарија?
(Видео) Внуката на Гоце Делчев порачува дека тој би се превртел во гробот
Видео/фото: Фејсбук/Благој Нацоски