еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Несекојдневен настан: Руски воен авион со помош „против“ корона вирусот слета во САД

Руски воен авион полн со опрема за борба против корона вирусот слета на аеродромот „ЏФК“ во САД.

Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус изјави дека медицинската опрема која е испратена со авион од Русија во САД, е купена врз основа на договорот меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин. Таа додаде дека опремата, која вклучува вентилатори и лична заштитна опрема, не е подарок.

„Двете земји даваа хуманитарна помош една на друга во кризниот период и без сомнеж тоа ќе го направат повторно во иднина. Ова е време за соработка во надминување на заедничкиот непријател кој ги загрозува животите на сите нас“, нагласи Ортагус.

Таа не соопшти колку САД ја платиле медицинската опрема, која е предадена на Сојузната агенција за управување во кризни ситуации во Њујорк.

Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов вчера изјави дека испораката ја одразува потребата за обединување на глобалните напори во борбата против Ковид-19, без оглед на политичките разлики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Властите во САД го следат движењето на Американците како дел од мерките за борба со коронавирусот

Помалку заразени од Луксембург: Го стави ли Русија корона вирусот под контрола?

САД први на листата по бројот на заразени од корона вирусот

Фото/Видео: Tass/Youtube/Ruptly

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саудиска Арабија во антикорупциската кампања од принцови, министри и бизнисмени одзеде 106 милијарди долари

Редакција

Ципрас и Заев со празни раце: Денис Меквеги и Надја Мурад добитници на Нобеловата награда за мир

Редакција

(Видео) Турција почна воена интервенција во Сирија, има загинати цивили

Редакција