еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) Новата сказна „Биби и џиновите“ ги освои и децата и родителите

Светот на Биби од синоќа се збогати со уште една сказна. На големо задоволство на тимот, за нецели 16 часа има 4.000 прегледи на втората сказна на сезнајката Биби – „Биби и џиновите“.

Во новата епизода Биби ги учи децата колку е важно да се грижиме за себе и за околината и дека не постојат машки и женски работи.

За сценариото на приказната се погрижи Билјана Црвенковска, режисер е Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо. За гласот на Биби, како и за сите други ликови во сказната, и овој пат се погрижи актерката Слаѓана Вујошевиќ.

Јутјуб-катчето на Биби веќе сведочи за повеќе од 400.000 прегледи.

Ви пренесуваме само дел од неколкуте десетици коментари на нашата публика по премиерата на „Биби и џиновите“:

– Пеењето на џиновите, гласот на вештерката, чистењето била женска работа! Нема такво нешто како женска работа!

– Целата приказна е прекрасна! Сказните со Биби се навистина многу интересни и поучни. Секоја чест и големо браво за овој прекрасен проект.

– Најмногу ја сакаме храбрата Биби, која секогаш е спремна да помогне!

– Дајте да ви ги видам рацете! А ушите? Иииии!!!

– Најмногу ни се допадна тоа што Биби е храбра, умна, весела, тоа што ги научи џиновите да бидат уредни и добри готвачи.

Тимот на „Светот на Биби“ веќе ја подготвува новогодишната сказна и ви ветуваме дека ќе биде полна со магија. А во меѓувреме следуваат уште нови содржини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заминува и последната група: Во Специјалниот завод „Демир Капија“ нема веќе деца до 18 години

Редакција

Од денеска па се до 17. август заборавете на се друго, освен на шопинг во Рамстор мол: Започна Garage Sale

Редакција

(Галерија) Избрани мажите на годината: Чадиковски, Димитров, Мукаетов, Јанески…

Редакција