еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Нуркачите од „Акватек“ снимија живеалишта на загрозени ракови со јајца на дното на Охридското Езеро

Нуркачите од охридскиот клуб „Акватек”, кои редовно го чистат Охридското езеро и изминатиов период извадија купишта ѓубре од него, на Фејсбук споделија ново видео од дното на езерото во кое се гледа живеалиште од загрозените слатководни ракови со јајца.

„Прекрасно зимско студено нуркање на длабочина од околу 10 метри, наидовме на живеалишта од слатководни ракови. Овие ракови порано ги среќавале на брегот од езерото, но сега брегот од езерото е узурпиран и ретко се среќаваат на брегот, но ги има, се размножуваат, треба да ги чуваме. Да го зачуваме Охридско Езеро за идните генерации“, велат од „Акватек“.

Видео: Акватек/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каракачанов го критикува Борисов поради пресвртот во неговиот став за Македонија

Редакција

Нуркачите од „Акватек“ го чистеа Охридското Езеро од пластика

Редакција

Потешко повредената патничка во сообраќајката во Србија останува во болница, останатите пуштени дома пуштени

Редакција