еМагазин
Image default
Забава

(ВИДЕО) Објавен првиот тизер за филмот „Врба“ на Милчо Манчевски

Објавен е првиот тизер за филмот „Врба“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Во филмот играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.

Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукција е Британецот Дејвид Манс, за костимите се задолжени Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач од Унгарија, асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија, а кастинг директорка е Милка Анчевска.

Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент е Ник Пауел.

„Врба“, светската премиера ќе ја има на 19. октомври на Филмскиот фестивал во Рим.

Врба – тизер 1 / Willow – teaser 1

Прв тизер за Врба, првиот македонски филм поканет на Римскиот филмски фестивал. Милчо Манчевски се враќа дома, во голема, голема форма. #врбаНаскоро во кината во Македонија.==The first teaser for Willow, the first Macedonian film selected by Festa del Cinema di Roma. Milcho Manchevski returns home in great, great form. #willow.Soon in the theatres near you.

Posted by Врба / Willow on Петок, 11 октомври 2019

Фото/видео: Фејсбук/Врба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Лени Кревиц на специфичен начин и се заблагодари на скопската публика

Никола Осило

(ВИДЕО) Кирил Џајковски се враќа на музичката сцена со полна пареа

Редакција

(Видео) Мајк Тајсон стана шампион во одгледување и пушење марихуана

Никола Осило