еМагазин
Image default
Македонија

(Видео од дрон) Мицкоски на протестот од Велес уште еднаш го повика Заев на дуел

Од гимназијата „Кочо Рацин“ до плоштадот С’Рмаале низ главните велешки улици до центарот на градот денеска протестираа граѓани на Велес предводени од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија е вечна, а власта не е !

Ние нема да престанеме! Ова нема да не замолкне, напротив повеќе ќе не мотивира да зборуваме за сите овие неправди кои ни се случуваат, за нашето вековно и уставно име, за името на нашата нација, за нашиот јазик и нема да сме антизападни, напротив ќе сме прозападни.Нема да им помине затоа што ќе дојде денот кога и вие задно со нив ќе бидете разголени и разобличени пред судот на овој народ и ќе ве пратиме во темната страна на историјата. Од прв до последен. Поразени и презирани од родот свој од својот народ за тоа што и го направивте и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија што најмногу боли. #МакедонијаЌеПобеди #ВМРОДПМНЕ

Posted by Hristijan Mickoski on Недела, 16 декември 2018

Тој во своето обраќање потсети дека пред неколку дена од пред платото на Владата го повикал премиерот Зоран Заев на дуел и уште еднаш го повика, како што рече да се охрабри да излезе.

-Ајде охрабри се излези, избери медиум, избери водител и јас и ти очи во очи да збориме, му порача Мицкоски на Заев.

Во своето обраќање до присутните тој  им се заблагодари што одвоиле време да им се придружат и го искажат како што рече револтот против актуелната власт.

– Кога ве гледам вака, горди, пркосни и исправени пред сите овие неправди кои што оваа ненародна влада, ги води во Република Македонија Овде сум да ви ја пренесам пораката што во изминатите студени денови од декември громогласно се пренесува низ улиците и плоштадите ширум Р.Македонија,а тоа е Македонија е вечна, власта не е, рече Мицкоски

Тој оцени дека во изминатите скоро 19 месеци централна и повеќе од една година локална власт се случуваат само црнила и темнина.

-Многу луѓе ме прашуваат зошто зборуваш за економијата. Ќе зборувам за економијата се додека не им падне срам и додека не им биде жал за сите лаги кои ги изнакажаа ширум Македонија за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година и локалните избори во 2017, рече тој и додаде дека на следните претседателски избори ќе бидат тест за власта.

Ја обвини власта дека тргува со правото и правдината.

-Зарем тоа е таа правда и правдина која што ја барате. Зарем правдата е Зоран Заев да гледаме и слушаме како бара мито да биде ослободен, а недолжни патриоти да се држат во затвор и по зандани затоа што имале единствена цел а тоа било како да си ја заштитат и одбранат државата. Зарем тоа е правда и правдина. Па сега ќе излагаат и ќе го злоупотребуваат зборот помирување. Какво е тоа помирување кога на дневна основа вршите притисок врз граѓаните на Република Македонија и врз ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најави дека ќе продолжат да протестираат ширум плоштадите и улиците.

МИА/Фото/видео: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ со претставки до ДИК и МВР за попречување на работата на новинарката Ферикан Арифи

Редакција

Досега нема приговори до ДИК за постапката за гласање и за резултатите

Редакција

Муареми демантира дека против него е поднесена кривична пријава од страна на Обвинителство

Редакција