еМагазин
Image default
Македонија

(Видео од дрон) Мицкоски од маршот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп: Власта многу ветуваше, но не исполни

Вистината се слуша и во градот херој-Прилеп, рече на денешниот протестен марш во Прилеп претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Маршот заврши пред зградата на локалната самоуправа.

Според Мицковски, власта многу ветуваше, но не исполни. Нема економски раст, ги зголемува даноците, го полни буџетот, го укина Советот за јавни набавки.

-Ми велат до кога ќе критикувате, а кога ќе почнете да нудите нешто. Ќе критикуваме се додека не ги обелодениме сите лаги и нереализирани ветувања и неисполнети очекувања, за народот да и каже доста на власта. Нам ни требаат искрени и чесни политичари, а нашата цел и визија е Македонија да биде технолошки тигар на Баканот. Поради зголемените даноци, гoлем број македонски граѓани ќе останат без работа поради даночната политика на Зоран Заев и неговите соработници на кои им се битни провизиите. Но голем дел ќе заминат од земјава, а ќе загуби домашната економија, рече Мицковски.

Критикувајќи ја власта, Мицковски ги најави протестните маршеви и во првите месеци од наредната година се до претседателските избори кога, како што рече, ќе ја има првата победа и најава за предвремени парламентарни избори. Донесоа црнила и темнина, а ние имаме обврска да ја донесеме зората која ќе навести нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин за да ги вратиме оние што заминаа од Македонија, рече Мицковски.

-Многу ветуваа. Најмалку пет проценти економијата ќе растела годишно, но нема ниту половина од тоа. Наспроти, тоа ги зголемуваат даноците, го полнат буџетот, го укинаа Советот за јавни набавки за полесно да ги договараат провизиите. Донесоа црнила и темнина, а ние имаме обврска да ја донесеме зората која ќе навести нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин за да ги вратиме оние што заминаа од Македонија. Имаме методологија и можеме емпириски да го докажеме и да го направиме со рокови. Наскоро ќе ја претставиме нашата понуда. Дотогаш ќе потсетуваме на сите нереализирани ветувања, на лагите, нагласи Мицковски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повтори шесте барања до власта: неотповикливи оставки на министрите за внатрешни и за надворешни работи Оливер Спасовски и Никола Димитров, формирање комисија за прислушувањето судии и обвинители, да се спроведе гасификацијата, да се почитува волјата на граѓаните од 30 септември.

Зората ќе донесе нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин!

Македонија браќа и сестри ја започнува својата битка, не е ова крајот за Македонија. Македонија ја има во библијата и таму нема договор што може да ја избрише. И таму ќе остане запишано името Македонија, нашиот аманет е тоа име да го чуваме и гордо да го изговараме сега и во иднина, а на нашите потомци да им го предаваме од колено на колено.Нас во историјата како нација и како држава не покорувале многу освојувачи, многу војски, многу побројни и посилни од нас, но секогаш како нација сме се реорганизрале и сме застанувале пред нив и сме ја извојувале нашата слобода за да ја градиме нашата држава Македонија!Зората браќа и сестри ќе дојде за секој еден од нас, ќе ја донесеме зората, а зората ќе донесе нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин!Да ни е жива и здрава и вековита Македонија!#МакедонијоНапред 🇲🇰#МакедонијаЌеПобеди 🇲🇰

Posted by Hristijan Mickoski on Сабота, 22 декември 2018

МИА/Фото/видео: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ: Почна гласањето, делегатите бираат меѓу деветте кандидати

Редакција

Осудени за „27 април“ побарале помилување од претседателот Иванов

Редакција

Убава вест: Оздравени уште седум пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.653

Редакција