еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Од Охридското Езеро извадени 230 рибарски мрежи со вкупна должина од 12 километри

Нуркачкиот центар „Амфора“ спроведе акција за вадење на заостанати потонати мрежи (духови) од дното на Охридското Езеро, при што беа извадени вкупно 230 рибарски мрежи со должина од околу 12 километри.

„Заостанати потонати мрежи (духови) во Охридско езеро претставуваат голема опасност за живиот свет во езерото. Станува збор за потонати мрежи, кои прават штета не само на рибниот фонд, туку и на други живи компоненти.

Загрозени се и пастрмките кои поради нивната специфика и биологија на однесување, кога еднаш ќе се најдат во овие мрежи на нивните рибни пловишта нема повеќе да доаѓаат, ниту да вршат природен мрест“, информираат од таму.

Прво мрежите се лоцираа со визуелна детекција и со употреба на ехо сонар, а потоа следуваше врзување и подигнување на брод со помош на витло и подводни лифтови.

„Нуркачите од „Амфора“ работеа во екстремни услови на температура на вода од 8 степени на длабочина од 30-40 метри, во ограничена видливост и големи струења на водата. На места постоеше голема опасност од заплеткување на нуркачите.

Скелети од риби, школки, изумрени единки, остатоци од птици, ракови, краби, ова е само дел од се она што можеше да се види во извадените мрежи,“ се додава во соопштението.

Вадењето на заостанатите мрежи беше со финансиска подршка на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, а имплементиран од ГИЗ.

Во реализација на проектот учествуваа екипи од Хидробиолошки Завод од Охрид и професионални нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора.“

Видео: „Амфора“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 207 оздравени од Ковид-19

Редакција

Карантин при влез во Германија за македонските граѓани

Редакција

„Фармахем“ го доби тендерот на Институтот за трансфузиона медицина за набавка на реагенси за крвна анализа вреден 622.000 евра

Редакција