еМагазин
Image default
Македонија

Видео од стравичната сообраќајка во Србија во која загинаа и двајца македонски државјани

Македонското Министерство за надворешни работи информираше дека добило телефонска потврда од полицијата во Јагодина, Србија, дека во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, меѓу загинатите има и двајца македонски државјани.

Во верижниот судар на потегот меѓу Ќуприја и Јагодина загинаа седум лица, од кои петмина српски државјани и двајца македонски државјани.

Во сообраќајната несреќа, како што објави српското Министерство за внатрешни работи, повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја.

Во сообраќајката учествувале 34 возила. Причина за несреќата е густата магла.

Фото/видео: РТС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ќе излезе на ТВ дуел со Мицкоски штом каже дека е против бојкот на референдумот

Редакција

Обвинителството денеска изведуваше докази на судењето за „Софтвери”

Редакција

Дваесет и двегодишен студент нов случај на позитивен на Ковид-19 во Кавадарци

Редакција