еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

(Видео) Одговорност за „реновирањето“ на МНТ: „Шверцерите“ го понижија Денот на албанската азбука

Лавина реакции има по прославата на Денот на албанската азбука, кој беше искористен да се протне и прослава на 30-годишниот јубилеј на навивачката група „Шверцери“ при што беше уништен инвентарот во новиот објект на Македонскиот театар во Скопје.

Кој дозволил навивачка група да слави јубилеј во објект од културата наместо на стадион каде што и е местото? Зошто немало соодветно обезбедување? Каква е улогата на еден од најистакнатите челници на ДУИ, Артан Груби во овој случај?

Ова се прашањата на кои треба да одговорат надлежните откако прославата заврши со оштетување на столици и откорнати орнаменти од ѕидовите на театарот.

Зачудува што првично настанот за прослава на 22 ноември – Денот на албанската азбука бил во организација на Владата, така што и оттаму треба во координација со Министерството за внатрешни работи да побараат одговорност во своите редови.

Во спротивно, како тргнала работата би требало навивачките групи „Комити“ или „Чкембари“ својот следен јубилеј да го организираат во новоотворениот театар во Гостивар или во Албанскиот театар во Скопје, па и тие да „удрат“ на реновирање.

Со ваквото  делување, коалицискиот партнер во Владата ДУИ или барем поединци од оваа партија покажаа дека се недораснати за функцијата што ја извршуваат и самите предизвикаа срам врз себе на голем ден каков што е Денот на албанската азбука.

Фото/Видео: Фејсбук/Youtube/Shvercerat Shkup

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Португалија се надева на прва меѓувладина конференција со Скопје до јули

Редакција

Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во 4 фаза: Проценка за понатамошно ширење на Ковид-19

Редакција

Македонски војници ќе учествуваат во операција во Африка и ќе ги чуваат границите на Естонија

Редакција