еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

(Видео) Опасна по живот беше промоцијата на книгата на македонските јутјубери: Дете се онесвести, а родителите доживеаја нервен слом

Револитирани родители, расплакни деца, девојче на кое му се слошило, распродаден тираж за рекордно време од 1.000 примероци на „Нашиот пат“ на македонските јутјубери Марко Марковиќ (GP) и Стефан Рашковиќ (Steffonator).

Тоа е отприлика билансот од вчерашниот веројатно настан на денот во Скопје. Повеќе луѓе имаше на промоцијата отколку на протестот за чист воздух.

Отидовме и јас со ќерка ми. Знаев што ме чека, но не очекував дека можев да загинам во најмала рака од газење во стампедо.

Кога влеговме во МКЦ гужва имаше до врата, како се проближуваше времето на промоција од 12 часот, така реки на деца со родители се слеваа внатре. Ама буквално се слеваа.

Никој не знаеше каде треба да оди, бидејќи, организацијата беше ужасна. Обезбедување, од двајца луѓе, кое не знае што го снашло, и издавач на „Просветно дело“, кој веројатно немал претстава за популарноста на овие јутјубери помеѓу младите.

„Па како да нема гужва кога 100.000 сабскрајбери имаат на јутјуб“, ми вели ќерка ми која стои во ред и чека да купи книга, и едвај дише.

Да појаснам, сабскрајбери (следачи) се луѓе кои го следат каналот на јутјуб, односно секогаш коган GP и Steffonator ќе објават ново видео, кај нив стигнува нотификација дека има ново од нив.

Масата се бутка и ги издишува луѓето кои никако до стигнат на ред да ја купат книгата, бидејќи не се знае редот. Нема ред, има само разулавена толпа која е на раб на нервен слом и „обезбедување“ кое не знае што да им прави.

„Ејјј редот е овде“, „Господине не се буткајте“, „Срам да Ви е, ставете некој ред“, беа дел од реакциите на препотените и издишани родители.

Во малото ходниче на МКЦ имаше премалку воздух и премногу нервоза. Цело време стрепев да не се случи стампедо, бидејќи деца беа во прашање. Кога ќерка ми се увери во невозможната мисија да се дојде до книга, а во меѓувреме и воздух почна да губи, посака да излезе. Едвај успеавме да се пробиеме, и само размислував што ако и се слошеше, како ќе ја извадев надвор.

„Не само што снема книги, безбедноста на децата беше загрозена! Родители се буткаат, деца остануваат без воздух, пригмечени од сите страни, обезбедување и редари ни за лек. СРАМОТА! Од организација ни О! Многу пропусти, крајно шарлатански и никаква безбедност!!!!“ се вели во реакција на родителите на фејсбук-страницата на Просветно дело.

Би додала дека освен што беше крајно несериозна и неорганизирана, и опасна по живот беше оваа промоција. Кој ќе ја сносеше одговорноста ако нешто се случеше?

Децата што не успеаа да купат книги плачеа пред МКЦ, други беа среќни што извлекле жива глава, а трети се пофалија на социјалните мрежи дека се сликале.

Кои се GP и Steffonator?

Ај накратко, бидејќи не го разбирам концептот. Најмногу, на нивните видеа го слушам зборот „бе брат“ и „добредојдовте џипери“. Стефан и Марко објавуваат видеа на кои играат игри, споделуваат активности, си даваат предизвици, раскажуваат како им поминал денот, што правеле како деца, немили или убави случки што им се случиле, итн.

Неретко имаат и гости ако сакаат нешто да промовираат, бидејќи се влијателни, а често препознавам и реклами во нивните видеа.

Не го разбирам концептот, но морам да го прифатам. Нови генерации, нова забава.

За мене се глупости, ама ќерка ми со нив се смее како јас со најдобрите пријатели кога ќе отидеме на пијачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Тинејџерите „одлепија“ по нив: Кои се македонските јутјубери Марко Марковиќ и Стефан Рашковиќ

Видео/фото: Steffonator/GP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велосипедист почина откако во него удри автомобил во Куманово

Редакција

Професор од Тетово осомничен за обид за силување на осумгодишно девојче се обесил во затворот во Шутка

Редакција

Спорот со Бугарија мора билатерално да се реши, порача германската министерка за Европа, Лирман

Редакција