еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

(Видео) „Отвори, отвори“: Како разрешената Катица Јанева ја отвори портата на МВР

Катица Јанева, која заврши во притвор за случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство повеќе не е специјална обвинителка.

Викендов таа беше разрешена и од страна на Собранието и од Советот на јавни обвинители.

Во нашата рубрика РЕТРО Ве потсетуваме на случка од октомври 2016 година, кога Јанева се обидуваше да влезе во Министерството за внатрешни работи (МВР), за да провери од кои причини од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) бил избркан истражител на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Додека чекаше да и биде отворена портата на МВР, Јанева извикуваше „Отвори, отвори…“, а снимката стана мега хит на социјалните мрежи.

По неколку телефонски разговори, портата на МВР се отвори и Јанева заедно со обвинителката Ленче Ристовска се упатија кон УБК.

Тогаш министер за внатрешни работи, во тогашната техничка влада, беше актуелниот министер, Оливер Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Сега ќе си одам и не доаѓам веќе“: Снимката од заминувањето на разрешената Катица Јанева од Собрание хит на Твитер

Советот на јавни обвинители едногласно ја разреши Катица Јанева

Собранието ја разреши Јанева

Видео: Телма/You tube/Albert Sulej

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензиска пумпа „Мира Петрол“: Твитерџиите мајтапџии за новото име на Градски стадион

Редакција

(Фото) Груевски фотографиран како вади пари од банкомат во Унгарија

Редакција

„Што ми мењава смената на Кирацовски мене кога на платформата на Матка влакно не и фали“: Твитер се „збогува“ со Кирац

Редакција