еМагазин
Image default
Политика ТОП СТОРИИ

(Видео) Почна кампањата за референдумот: Заев го поврза со гласањето за независноста на 8 септември 1991 година

Премиерот Зоран Заев денеска во Клубот на пратениците го најави почетокот на кампањата за референдумот што треба да се одржи на 30 септември.

Кампањата ќе оди со слоганот „Излези и гласај за Европска Македонија„.

Освен Заев, се обрати и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Заев рече дека постои една директна линија што ги поврзува 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година.

„Тоа се два големи настана и чекори што ги преземаме како одговорни граѓани со кои ја обезбедуваме иднината на земјата. Ова е уште еден референдум за зацрстување и потврдување на нашата независност со што ќе добиеме сигурна перспектива како членки на НАТО и ЕУ“, рече премиерот.

Кампања „Излези ЗА европска Македонија“

Најава на кампањата „Излези ЗА европска Македонија“. #ИзлезиЗА

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 30 август 2018

Фото/видео: Влада/Видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија е делумно слободна земја: „Фридом Хаус“ не сврсти со Украина, Мадагаскар, Косово

Редакција

Сергеј Самсоненко назначен за управител на авиокомпанијата „Сис авиејшн“

Никола Осило

LEVI’S®и Џастин Тимберлејк ја објавуваат соработката за 2018 година

Редакција