еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Поплава од историски размери урна две брани во САД, илјадници евакуирани во Мичиген

Властите на американската сојузна држава Мичиген прогласија вонредна состојба за една област откако на тоа подрачје после обилни дождови и поплави се урнале две брани. Според американските медиуми станува збор за најголеми поплави во изминативе 500 години.

Браните Еденвил и Санфорд попуштиле, информира гувернерката Гречен Витмер и ги повика сите жители на погодените подрачја од областа Мидленд итно да се евакуираат.

Според неа, во градот Мидленд би можело да има до три метри вода.

Претставник на локалните власти соопшти дека до сега се евакуирани 10.000 луѓе и оти досега нема информации за повредени или загинати.

Фото/Видео: Detroit free press/Youtube/Nowthisnews

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Пристигна предлог од француското претседателство

Редакција

Ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава, вели Пендаровски

Редакција

„Авицена“ го доби тендерот на Клиниката за ендокринологија за набавка на реагенси вреден 102.500 евра

Редакција