еМагазин
Image default
Македонија

Видео порака и од словенечкиот претседател Пахор: Навиваме за Вас, се надеваме на најдоброто, среќно Македонијо

Верувам дека ќе сакате да донесете одлука со која на Македонија широко ќе и се отворат вратите кон иднината. Навиваме за Вас, се надеваме на најдоброто. Среќно Македонијо, вели во видео пораката до македонските граѓани словенечкиот претседател Борут Пахор во пресрет на референдумот.

Претседателот Пахор: Да им дадеме предност на храбрите и зрели одлуки

„Верувам дека ќе сакате да донесете одлука со која на Македонија широко ќе и се отворат вратите кон иднината. Навиваме за вас, се надеваме на најдоброто. Среќно Македонијо“, порача претседателот на Република Словенија, Borut Pahor.

Posted by Излези ЗА европска Македонија on Недела, 23 септември 2018

– Драги македонски пријатели. Во недела ќе одлучувате за вашата судбина. За судбината на вашите деца и внуци. Ќе одлучите според ваша совест, како што вие мислите дека е најдобро за вашата иднина и иднината на вашите деца. Како Ваш пријател сакам да Ви кажам, тоа е мојата оценка, дека за Македонија, за Европската унија, за Европа, за сите нас, а најмногу за Вас, најдобро е да го поддржите договорот, и со тоа широко да ја отворите за Европската унија и НАТО, вели Пахор.

Тој на македонските граѓани им порачува дека: „на овој свет ништо не е идеално, вклучувајќи го и овој договор, затоа разбирам дека има дискусии и мерења за тоа кој е во право, а кој не“.

– Во Словенија исто така минавме низ тешка одлука и се најдовме на историски важна раскрсница, да им дадеме предност на храбрите одлуки, на зрелите одлуки, одлуки со кои и отворивме врата на иднината и не ни е жал за тоа, наведува, вели Пахор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На поранешниот директор на Онкологија, Васев му се суди за пациент кој починал откако 3 месеци не му бил препишуван лек за тумор

Редакција

На Груевски му „цвета“ бизнисот во Унгарија, за пет месеци неговата фирма има добивка од 10 илјади евра

Редакција

Момче од Велес се заразило со Ковид-19 на летување во Охрид

Редакција