еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Поставен споменик на Александар Велики во Атина

Откако од 1992 година првпат беше претставен на јавноста, а во 1993 година откупен од Министерството за култура на Грција, споменикот на Александар Велики, но во поинакво, во младо издание, а не како војник, вчера по 26 години беше поставен во центарот на Атина.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, утре наутро ќе биде и свечено откриен во присуство на атинскиот градоначалник, Јоргос Каминис.

Споменикот денеска е покриен со платно, а работници интензивно работат на уредување на просторот околу споменикот. Се поставуваат плочки, се фарбаат бандерите, се средува делот под споменикот, за се да биде подготвено за утрешниот ден.

Она што не останува незабележано е букетот цвеќиња закачен на споменикот, јави дописничката на МИА од Атина. Никој од работниците што работата на уредувањето на просторот не знаеше кој и кога ги оставил цвекињата.

Споменикот е дело на скулпторот Јанис Папас и е со висина од 3,5 метри, а изминатите години доста често беше во центарот на вниманието на грчката јавност поради неможноста да се најде соодветен простор за негово поставување.

Во 2014 година градоначалникот на Атина презеде иницијатива и одговорност за да се стави крај на недоразбирањата и споменикот да биде поставен во грчката престолнина, а општинскиот совет, една година подоцна донесе одлука за местото каде што ќе се постави.

Склупторот Јанис Папас, кој почина во 2005 година, уште во 1941 година започнал да работи на споменикот, а делото го завршил во 1972 година. А, 20 години подоцна, во 1992 година првпат бил претставен на изложба и купен од Министерството за култура на Грција.

Во 2001 година тогашниот министер за култура, Евангелос Венизелос, го известил тогашниот градоначалник на Атина, Димитрис Аврамопулос дека Министерството сака споменикот да и го подари на општината.

Откако споменикот станува сопственост на општина Атина, започнуваат и перипетиите и несогласувањата околу неговото поставување.

Во 1993 година била разгледана можноста да се постави споменикот во парк во центарот на Атина, кој би го носел името Александар Велики, меѓутоа во тој дел, тогаш се работело на изградба на метрото.

Во периодот од 2001 до 2013 година, советот на општина Атина и надлежните разгледувале различни плоштади на кои би можел да се постави споменикот, но секогаш се појавувал проблем. Или постоење на друг споменик или несогласувања или мал простор.

Пред четири години, во 2015. започнаа подготовките за поставувањето во центарот на Атина.

МИА/Фото/видео: John Pappas/Carla R. Lacher

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов нови построги мерки во Србија: Угостителските и трговските центри да работат до 14 часот

Редакција

Просечната возраст е 26 години: Расте бројот на нови случаи со Ковид-19 во Грција

Редакција

Меѓу нив и партиите на Каракачанов и Костадинов: Шест партии во Бугарија шират говор на омраза

Редакција