еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Претседателот Пендаровски му ја покажа „Вила Билјана“ на американскиот државен секретар Мајк Помпео

Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео во исклучително важен период за нашата земја, е потврда за пријателството меѓу САД и Северна Македонија, засновано на заедничките вредности за мир, слобода и демократија, порaча претседателот Стево Пендаровски по денешната средба со шефот на американската дипломатија во „Вила Билјана“ во Охрид.

„САД е нашиот стратешки партнер уште од нашата независност, а американската поддршка беше клучна во одбранбените реформи и трансформацијата на нашата Армија, со цел исполнување на критериумите за членство во НАТО. Преку програмите за развој, САД ни помогнаа во зајакнувањето на институциите, владеењето на правото, реформите на судството, зајакнувањето на граѓанскиот сектор и медиумите, како и поддршка на поволна бизнис клима за трговска размена меѓу двете земји“, истакна Пендаровски.

Тој се заблагодари за постојаната поддршка од САД и во периодите кога земјата ги решаваше тешките прашања за внатрешната стабилност, како и постигнувањето на компромис за деценискиот спор за прашањето за името, во духот на добрососедството и регионалната соработка.

„Северна Македонија ќе продолжи со тесната соработка со САД. Сметам дека е неопходна зголемена американска поддршка во претстојниот период, во кој Северна Македонија треба да стане 30-та членка на НАТО и да ги започне пристапните преговори за членство во Европската унија“, рече претседателот Пендаровски.

Северна Македонија и САД – партнерство за стабилност и развој.

Северна Македонија и САД – партнерство за стабилност и развој.Уште од нашата независност, поддршката од САД беше клучна во одбранбените реформи и трансформацијата на нашата Армија. Во пресрет на нашето членство во НАТО и напредок кон ЕУ, посетата на државниот секретар Мајк Помпео е потврда дека американската поддршка кон нас продолжува.

Posted by Stevo Pendarovski on Петок, 04 октомври 2019

Секретарот Помпео, информираат од Кабинетот на шефот на државата, се заблагодари за топлото добредојде во Северна Македонија, која е трета етапа од неговата турнеја, во чии рамки веќе ги посети Италија и Црна Гора, а од Охрид ќе отпатува за Грција.

Тој потврди дека американската поддршка во продлабочувањето на пријателството меѓу двете земји ќе продолжи и во иднина, што е значајно не само за Република Северна Македонија, туку и за стабилноста и безбедноста на целиот регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помпео од Охрид порача да се чуваме од руско и кинеско влијание

Фото/Видео: Фејсбук/Стево Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Собрани парите за лекување на младиот Никола Ѓорѓиев во Турција

Редакција

„Македонски телеком“ бележи раст, а „Оне.Вип“ пад во уделот на пазарот на мобилна телефонија

Редакција

Нови рочишта за „Титаник“, „Транспортер“ и „Тортура“

Редакција