еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Простување или амнестија: Кој го разбра Заев што сака да каже?

Повикот на премиерот Зоран Заев за помирување и простување за насилството во Собранието од 27. април, при неговото излагање за предлогот на Владата за уставни измени, предвидени со договорот за името со Грција, предизвика лавина од различни реакции на социјалните мрежи и во јавноста, но и различни толкувања за тоа што сакал да каже.

Заев говорот го читаше, што во старт ја отфрла тезата дека се „заплеткал“ во него, што нема да му биде првпат.

Многумина го протумачија неговиот говор како скриена порака за амнестирање, кога стана очигледно дека неможе да обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени и да ги разубеди пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и медиуми кои важат за сериозни така го сфатија Заев, но по некое време дел од нив сепак ќе сменија информациите.

Така го разбраа и бројни медиуми во Србија, Хрватска, Албанија, Словенија…, но и во Грција.

Како што јавува дописникот на еМагазин од Солун, дел од тамошните телевизии ударно со снимки на кои Заев е раскрварен во Собранието информираа дека нуди амнестија за да биде ратификуван договорот од Преспа.

Владата демантираше дека станува збор за такво нешто.

Што всушност кажа Заев?

Ви го пренесуваме тој дел од неговиот говор од владиното соопштение:

“Премиерот Заев укажа дека „заедничка ни е Македонија, но и иднината“, дека „кулминација беше 27 април“, но и дека „еве прилика да си простиме, да покажеме дека учиме од грешките“.

Тој исто така повика: „Ајде да почнеме од 27 април“. Премиерот Заев потсети дека на тој ден прва мета беше тој, а потоа и пратениците од парламентарното мнозинството.

„Застанувајки заедно зад Македонија сега, е прилика да си простиме и да се помириме. Потребни сме и на државата. Десната страна да подаде рака на левата левата страна, левата на десната страна. Испраќам порака на помирување за настаните на 27 април“, рече премиерот Заев“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избори или промена на Уставот: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ блиску или далеку до договор?

Дурловски за понудата на Заев: Подарената слобода на неправедно обвинет ќе биде претежок товар

Актерот Јовановски го одби Заев: Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!

Твитерџиите гневни на предлогот на Заев за помирување: Онаа багра не влезе во куќата на Заев, туку во моето Собрание

Целиот негов говор погледнете го во видеото:

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија тврди дека поседува докази за вмешаност на Пентагон во финансисрање воено-биолошки проекти во Украина

Редакција

Адвокатот Димишков на судењето за „Рекет“: Камчеви сакаа да ме искористат

Редакција

Друштво на писатели на Македонија: Проблематизацијата на македонскиот јазик е антицивилизациски чин

Редакција