еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Протест во Тетово против ДУИ, дел од организаторите на медиумите на македонски јазик не им дозволија да снимат

Педесетина лица денеска во Тетово протестираа поради, како што посочуваат, содржината на аудио разговори што се објавуваат на социјалните мрежи. Тие побараа правда од институциите за како што рекоа, „монтирани случаи“ за „Монструм“, „Сопот“, „Алмир“, „Бродец“ и „Диво Насеље“, како и одговорност од ДУИ, пренесува МИА.

Граѓаните кои протестираа се собраа пред Универзитетот во Тетово и заминаа во правец кон Мала Речица, со намера да протестираат пред седиштето на ДУИ, но од полицијата беа запрени на излезот од Тетово, каде се обратија пред присутните, а по 45 минути мирно се разотидоа. Како организатор на протестите се претстави Блерим Амеди, пренесува МИА.

Телевизијата Телма пак пренесува дека дел од организаторите агресивно ја тргнале опремата од медиумите на македонски јазик, и не дозволиле да продолжат со снимање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Дураки е искусен политичар и носител на институционалната и политичка меморија на ДУИ

Османи: Очигледно во јавноста има одредено чувство за етничка пристрасност за судските одлуки

МИА/Телма/Видео/фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекари од “Аџибадем Систина“ со апел: Мерката притвор е престрога, Камчев и е потребен на болницата

Редакција

Објавен конкурсот за прием во студентските домови за академската 2023/2024 година

Редакција

За рушењето на “Космос“, Груевски доби девет години затвор, а Јанакиески три

Редакција