Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на церемонија за претставување на нова подморница која може да носи нуклеарни боеви глави кои можат да предизвикаат разорно цунами.
Путин го посети военото бродоградилиште во Санкт Петербург каде го надгледуваше заминувањето на нуклеарната подморница до централата Севмаш во Северодвинск во северозападна Русија.
Руската морнарица соопшти дека подморницата е наменета да носи дронови Посејдон кои наредната година ќе бидат во употреба. Посејдон може да гаѓа крајбрежни подрачја со тешко нуклеарно оружје, кое може да предизвика цунами.
Видео/фото:Youtube/RT/Vestinews/Moscowtimes
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.