Четворица ученици од ОУ „Коле Канински“ од Битола се самоповредиле со сечење вени, инспирирани од опасните интернет-игри „Момо“ и „Синиот кит“, но бројката на деца во Битола кои се одзвале на предизвиците од овие игри е далеку поголем дознава „Телевизија 24“.
Директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски го потврдил случајот. Вели, дека се се случило надвор од училиштето и за се се информирани и МВР и родителите. При вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште.
Родителите во Битола биле предупредени за опасностите од играта, кои ги наведуваат децата на самоповредување и самоубиства.
Видео: ТВ 24
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.