еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Сали Бериша доби бокс во лице на протест, обвини дека напаѓачот е инфилтриран полициски агент

Лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша на вчерашниот антивладин протест беше удрен со тупаница во лице од маж, додека маршираше со своите приврзаници низ Тирана.

Илјадници поддржувачи на опозицијата се собраа во градот, кој вчера беше домаќин на првиот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој присуствуваа лидерите на земјите-членки на Европската Унија.

Напаѓачот беше претепан од приврзаниците на Бериша и уапсен од полицијата.

По инцидентот иранските хакери од групата „Татковинска правда” реагираа со објава на Телеграм, во врска со мажот што го нападна Бериша.

Тие напишаа дека неговото име се појавува во неколку полициски бази на податоци, па дури и предупредија дека во наредните денови ќе ги објават податоците за ова прашање, јави дописничката на МИА од Тирана.

Гент Шеху е во неколку полициски бази на податоци, сите игри на корумпирани политичари. Ќе продолжиме да објавуваме фајлови, објавија хакерите.

Бериша, пак во изјава по протестот, обвини дека 31- годишниот Шеху е инфилтриран полициски агент.

Тоа веднаш го отфрли генералниот директор на полицијата, Мухамет Румбулаку, кој рече дека Шеху ниту бил ниту е во која било полициска структура.

МИА/еМагазин/фото: Бериша/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Голем протест на транспортери во Скопје: Прогресивен данок наместо поголема акциза

Редакција

(Видео) Авион се урна кај Кавала, превезувал муниција од Србија за Бангладеш

Редакција

Алкалоид отвара уште една компанија во Хрватска, открива Мукаетов во интервју за „Јутарњи лист“

Редакција