еМагазин
Image default
Техно

(ВИДЕО) Samsung и Војна на ѕвездите ќе ги израдуваат своите фанови со уникатно издание на Note10+

Во пресрет на продолжението на легендарното филмско остварување, Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер, чија премиера е закажана за во декември оваа година, компанијата Samsung Electronics го претстави специјалното издание на Galaxy Note10+ моделот.

Преку соработката со продукциската куќа Lucasfilm и изданието кое содржи специјално дизајниран телефон, маска, значка за колекционери, S Pen и безжични слушалки, соединети се две галаксии. Покрај тоа, пакетот доаѓа со посебни теми, анимации, икони и мелодија кои ќе предизвикат еуфорија кај секој фан на познатата франшиза.

Од претставувањето во август оваа година, паметните телефони Note10+ ги направија милиони луѓе низ целата планета повеќе продуктивни и покреативни. Моделот кој е истовремено вистинско уметничко дело, комбинира импресивен дизајн и моќни перформанси со ефикасни алатки и врвна камера. Со претставувањето на специјалното издание, Samsung ќе ги инспирира фановите на легендарната франшиза да ги одбележат сите свои легендарни моменти.

За повеќе детали за специјалното издание, погледнете на: samsung.com.

Специјалното издание Galaxy Note10+ Star Wars™ ќе биде достапно на одредени пазари [1] од 10. декември.

Соработката на двете галаксии беше најавена во октомври, а продолжението следеше во вид на мини филм, во чиј фокус е дете кое сака да вдоми напуштено куче.

Самото куче неодоливо потсетува на култниот Чубака и детето за време на траење на филмот, користејќи носечки уреди на Samsung, како Galaxy Note10, Note10+, Watch Active2 и Tab S6, се труди да го убеди семејството да го посвојат.

 

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата ги поставува стандардите во областа на телевизорите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежните и LSI системите, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести посетете ја news.samsung.com.

Сопственик на авторските права на STAR WARS е продукциската куќа Lucasfilm Ltd. и/или нејзините подружници. © & TM Lucasfilm Ltd.

[1] Специјалното издание ќе биде достапно на пазарите на Австралија, Данска, Финска, Германија, Хонг Конг, Русија, Шпанија, Шведска, Турција, ОАЕ, Велика Британија и САД.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пристат до интернет имаат 83,7% од домаќинствата во Македонија

Редакција

ТикТок е најпопуларната aпликaција во светот во 2022 година, ја презеле 875,2 милиони корисници

Редакција

Форд со teaser од новото електрично возило

Редакција