еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Сара Мејс најави нова песна и видео-запис за „Црна капина“

„Црна капина” од проектот „Floating through space with Sarah Mace“ во ново и нетипично анимационо руво! Според Сара, песната е една од најубавите на албумот.

„Не е комерцијална, ама чудесна е. Во постојано движење со телото на слушателот, од почеток до крај пулсира во тебе…. ова е песна започната како идеја на бубњарот (во случајот и автор, Александар Ванчовски) и мислам дека тоа бубњарско влијание се чувствува цело време дур трае песнава, а можеби дури и после тоа :).“.

Видеото претставува модерен пристап на едноставна анимација на урбани елементи и одредени традиционални симболи (следејќи го текстот на песната), дел од нив се цртежи нацртани од Дарко Петковски, збогатени и дополнети со живописни нијанси и скеч техника. Потпишана зад неговата реализација од А до Ш стои Љупка Андоновска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Лени Кревиц на специфичен начин и се заблагодари на скопската публика

Редакција

Наоми Кемпбел дискриминирана и навредена на аеродромот во Софија, оти е црна

Редакција

Алек Болдвин се огласи по несреќата на снимањето на „Rust“: „Нема зборови со кои можам да го пренесам мојот шок и тага“

Редакција