еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Се зголемува бројот на заболени од корона вирусот на крузерот во Јапонија каде што има и наши државјани

Јапонскиот министер за здравство Катсунобу Като информираше дека на крузерот кој се наоѓа закотвен во Јапонија, има 41 ново заразени од корона вирусот, со што вкупната бројка се зголеми на 61, а во меѓувреме продолжува тестирањето на останатите патници.

На патниците кои се на бродот им е наредено да останат во своите кабини за спиење.

Според информациите од МНР на тој крузер се наоѓаат и тројца наши државјани, но засега нема информации за нивната здравствена состојба.

Крузерот „Дајмонд Принцес” со 3.700 патници е ставен во карантин откако вплови во пристаништето Јокохама и беше откриен случај на заболен помеѓу патниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца наши државјани се помеѓу патниците на бродот кој е задржан во Јапонија, а на кој има 20 заболени од корона вирус

Видео/фото: CNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца пратеници од мнозинството позитивни на Ковид-19, Собранието без кворум

Редакција

Првата анти-ковид капсула на „Фајзер“ на пазарот би можела да се најде до крајот на годинава

Редакција

Починаа седум лица од Ковид-19, помеѓу нив и 23-годишниот пациент од Свети Николе

Редакција