еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

(Видео) „Сега ќе си одам и не доаѓам веќе“: Снимката од заминувањето на разрешената Катица Јанева од Собрание хит на Твитер

Викендов и официјално по брза постапка од страна на Собранието и Советот на јавни обвинители беше разрешена специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство.

Разбирливо Јанева е една од главните теми на социјалните мрежи, а снимката од Собрание од 2016 година кога Јанева требаше да образложи извештај за работењето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) пред собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е хит на Твитер.

Таа си замина поради навредите од страна на пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија, чиј син Василије беше еден од обвинетите во случајот “Труст“ на СЈО, кој неколку години подоцна ќе добие условна казна.

Пратеничката Авировиќ претходно стана дел од независната пратеничка група која ја формираа исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, и гласаше за промена на името на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Отвори, отвори“: Како разрешената Катица Јанева ја отвори портата на МВР

Советот на јавни обвинители едногласно ја разреши Катица Јанева

Собранието ја разреши Јанева

Фото/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот на Зеќири: Паричните средства што му се ставаат на товар се далеку помали

Редакција

Пендаровски: Државниот врв не разгледувал враќање на задолжителниот воен рок, ниту таква можност е отворена за во иднина

Редакција

(Фото) Нина Црнокрак е новата Little Miss Planet 2023, уште две титули за сестрите Стефанови

Редакција