еМагазин
Image default
Да помогнеме

(Видео) Семејството Велковски од Куманово преживуваат со 4.000 денари месечно

Порталот „Кумановски муабети“ објави сторија за семејството Велковски, во која, 47-годишниот Бране Велковски од Куманово со 4.000 денари ги издржува сопругата и двете деца, двегодишен Алексеј и Лана која има една година

„Бране тешко се грижи и самиот за себе бидејќи неговиот вид е 95 проценти оштетен. Проблеми со здравјето има и неговата сопруга Тања.37-годишната мајка е по потекло од Србија, а бидејќи нема македонско државјанство не може да работи. Живеат без струја во стан кој го исплаќаат секој месец со средствата од паричниот надоместок за помош и нега, не може да ги подмири сметките за струја.

Претходно Велковски добивал постојана парична помош, но не знаел дека треба да пријави кога неговата мајка починала. Институциите му ги укинале средствата и треба да чека една година пред повторно да добие ваков надоместок.

Поради инвалидитетот тешко може да најде работа, собира дрва за помош да не премрзнат. Велковски може да ја наследи пензијата од татко му поради оштетениот вид со кој живее од детството, но притоа треба да му се одземе деловната способност преку судска постапка, која чини 200 евра“, се вели во сторијата.

По објавувањето на сторијата, многу граѓани и волонтери се вклучиле во хуманитарната акција, па со помош на нив, им била вклучена струјата, а се собрале и храна, хигиенски препарати и парични средства.

Акцијата, се уште е во тек, па ако сакате да помогнете, тоа може да го сторите на жиро-сметка на Стопанска банка 200002002232088 на име Бране Велковски или на телефон 079 254 148.

Фото и видео: kumanovskimuabeti.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел за донација на летна облека за бегалците

Редакција

34-годишната Дијана боледува од канцер, потребни се средства за лекување во Турција

Редакција

(Видео) Таткото на 19-годишниот Незир бара помош за синот – бара болница за лекување надвор од државата

Редакција