еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Видео) Шар Планина „соголена до гола кожа“: За каква заштита зборува Османи?

Планинарот Јовица Рафајловски на неговиот фејсбук-профил објави видео од пустошот направен на Шар Планина кон врвот Бориславец.

Posted by Jovica Rafajlovski on Понеделник, 23 септември 2019

„Шар Планина наскоро ќе биде прогласена за национален парк, ветија централните и градските власти. Yeah, right! Но, прво да помине тешката механизација, да се исечат сите дрва, да се уништи монструозно се тоа што требало да биде заштитено подрачје, за да се произведе 1kW и да може комотно да поминат 500 овци. Не е проблем.

Само за илустрација едно видео за тоа што се случува над боговинска каптажа. Тоа е патеката кон врвот Бориславец. И една фотографија како изгледаше претходно. Секое добро“, напиша Рафајловски на неговиот фејсбук-профил.

Да биде апсурдот поголем, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи за викендов говореше за убавините на Шара пред голем број амбасадори, претставници на меѓународни организации, градоначалници и други гости во шарпланинската област Шипковички бачила.

„Со своите убавини и богатства, Шар Планина е едно од најзначајните подрачја за зачувување на природата не само во Република Северна Македонија, туку и на регионално и на европско ниво, поради што таа треба да биде прогласена за Национален Парк“, рече Османи, додека пред негови очи неповратно се уништува планината.

видео/фото: Фејсбук/Рафајловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фон дер Лејен пристигна во Скопје, за Димитров посетата е силен сигнал за исполнување на европското верување за почеток на преговорите

Редакција

(Фото) Цветен пазар за 8. Март е блокиран: Луѓе, не е крај на светот и утре може да купите цвеќе

Редакција

(Видео) Ново шокантно видео од Шангај: Како децата одат во училиште

Редакција