Речиси никој во Украина, ниту во светот не очекуваше дека 41-годишниот Володимир Зеленски ќе го победи актуелниот претседател на земјата Петро Порошенко, освојувајќи 73% од гласовите на изборите.
Светот денес бруи за комичарот што во една од најпопуларните играни серии во Уркаина глумејќи професор станува претседател. Шоуто сега стана реалност.
„Се уште не сум официјално претседател, но како украински граѓанин можам на сите држави од поранешниот Советски сојуз да им порачам да не погледнат. Ова заедно го постигнавме. Се е можно“, рече синоќа Зеленски по објавата на резултатите.
Тој водеше изборна кампања полна со шеги и смешни постови на социјалните мрежи на кои има милиони следбеници
Зеленски синоќа изјави дека неговата прва задача како нов претседател на Украина ќе биде да обезбеди ослободување на воените затвореници кои се во притвор во источна Украина и Русија.
„Задача број еден за нас е враќање на сите затвореници, сите воени заложници, нашите морнари“, изјави Зеленски.
Тој додаде ќе ја задржи прозападната ориентација на земјата и сугерира дека неговата убедлива победа може да послужи како модел за другите поранешни советски држави кои „сакаат да мрднат од закоравената политика“.
„До сите земји од поранешниот Советски Сојуз – погледнете не! Се е можно“, истакна Зеленски.
Фото/Видео: Инфореактор/Guardian news