еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Што ќе „ќари“ Кумановската група од „бомбите„ на Ел Чека?

Новите „бомби“, кои претежно се однесуваат на поранешни државни функционери на владејачката ДУИ, но и на актуелни партиски функционери на партијата не завршија случајно во етерот.

Лицето кое ги објавува истите на профилот „Ел Чека“ продолжува со објавување на нови „бомби“ секојдневно и најавува дека ќе има уште „пострашни“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво насеље, како што ветуваше ДУИ.

Тоа за сега е единственото барање, а нема да биде изненадување, ако побара и нешто друго.

Лицето тврди дека нелегално прислушуваните материјали ги има добиено токму од т.н. Кумановска група, чии членови се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.

Има ли и „бомби“ за Диво насеље?

Има ли нелегално снимени разговори за случајот Диво насеље, кој е организатор на терористичката акција, дали некој однадвор или внатрешни играчи стојат зад крвавата престрелка меѓу терористите и полицијата пред четири години се само дел од прашањата кои се поставуваат во јавноста, а кои деновиве повторно се актуелни поради новите „бомби“.

Јавноста и по четири години се уште нема одговор на овие клучни прашања.

За што се осудени членовите на Кумановска група?

Во судирот меѓу терористичката група или позната и како Кумановска група и полицијата што се случи на 9 и 10. мај 2015 година беа ранети 37 полицајци.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Кои се членови на Кумановската група

Според извештаите на МВР, терористичката група броела четириесетина членови. По борбите со полицијата се предале 28 терористи.

Како водачи на групата се посочуваат Мухамед Красниќи – командант Малишева, Мирсад Ндрецај (командант Нато), Сами Укшини – командант Соколи и други.

Судската постапка за настаните во Диво Насеље почна во февруари 2016 година против 29 лица кои се товарат за сторени дела „терористичка организација” и „тероризам”.

Во ноември 2017 година Основен суд Скопје 1 ги изрече првостепените пресуди против обвинетите.

Осуммина обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните во кумановско Диво Насеље добија доживотни казни затвор, 13 обвинети добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, еден обвинет 18 години, двајца по 14 години, двајца по 13 години затвор и двајца по 12 години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бомбите“ на Ел Чека ќе ги слуша и ЦИА, а Заев ќе „падне“, ако не се уапсат криминалците во Владата

Кој е Ел Чека: Објавува „бомби“ од Чикаго, а по потекло е од кичевско

Никола Тесла, Илија Громовник, Ел Чека: Кој е следниот што ќе објави нови „бомби„?

Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче не размислува за оставка

Редакција

Вкупно до сега 3.977: Починаа уште 37 заболени од Ковид-19

Редакција

Роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ ќе поевтини за 30%

Редакција