еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

(Видео) Макрон вели дека е прерано за преговори со Македонија, Меркел се надева на компромис

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ.

На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз, Макрон кажа дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно.

За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор до утре на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите“, рече Макрон.

Канцеларката Меркел на прес-конференцијата ги релативизираше тезите дека меѓу двете земји постои судир околу перспективата на Албанија и Македонија. И Берлин и Париз се согласни дека на земјите од Западниот Балкан им е потребна ЕУ перспектива.

Процесот мора да се направи потранспарентен и реверзибилен, согласна е Меркел, но додава дека остануваат само неколку „различни нијанси“.

МИА/Фото/Видео:Local Germany/Youtube/AFP

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остаревме со лажна надеж за ЕУ: Самите сме виновни ама и европјаните се за жалење

„Само Крсто може да ја отвори вратата од ЕУ“: Твитер „експлодира“ чекајќи датум за преговори

„Корпа“ за Македонија од Советот на министри на ЕУ: Конечната одлука оставена на лидерите

Франција, Германија и Италија против разделување на пакетот Македонија и Албанија за преговори со ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 6 оздравени од Ковид-19

Редакција

Во Србија изработен просторен план за гасна интерконекција со Македонија

Редакција

Град Скопје ќе дистрибуира топлинска енергија до граѓаните

Редакција