еМагазин
Image default
Свет

(Видео) Што се случува со Меркел: Германската канцеларка повторно се тресеше

Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска на церемонија за избор на нов министер за правда во Берлин повторно се тресеше, што е втор пат за десетина дена. Според германските медиуми, на канцеларката ѝ понудиле чаша вода, но таа ја одбила.

Агенциите известуваат дека по половина час Меркел пристигнала во парламентот и дека тогаш изгледала добро.

Прв пат симптоми дека не и е добро и силно тресење кај неа се забележа на церемонијата за пречекот на новиот украински претседател Владимир Зеленски.

Тогаш, од нејзиниот кабинет рекоа дека станува збор за дехидрација.

„Испив најмалку три чаши вода, што очигледно ми беа потребни бидејќи сега ми е многу подобро“, изјави тогаш Меркел.

Фото/Видео: Youtube:The Sun/AP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Од вкупниот број на заболени од Ковид-19, 14 отсто се медицински лица

Редакција

(Видео) Русите ја погодија детската болница во Мариупол, Зеленски тврди дека има деца под урнатините

Редакција

Европската Унија апелира до Русија да се врати на договорот за извоз на жито од Украина

Редакција