Возилата за брза помош на Здравствен дом и возилата од Општа болница од Охрид денеска со свирење и ротација на светлата и оддадоа последна почит на прерано починатата медицинска сестра Дијана Димоска и на сите жртви на опасниот корона вирус-Ковид -19.
Во чест на прерано згаснатите животи од корона вирус Ковид-19 😢
Posted by JZU Opsta Bolnica- Ohrid on Вторник, 29 септември 2020
„Димоска имаше само 49 години и беше работно ангажирана во Интерното одделение на болницата во Охрид и ја загуби последната битка со Ковид – 19. Дијана завчера беше погребана на градските гробишта во Охрид.
ЗАПОМНЕТЕ:
Неколку едноставни поуки за неширење на вирусот Ковид-19:
Најсилно оружје против вирусот е нашата свест и одговорност!
– Одржувајте хигиена.
– Избегнувајте групни собири.
– Држете растојание и носете маска.
– Хранете се здраво.
– Спортувајте и бидете позитивни.
Никој не е отпорен на овој агресивен облик на вирус. Не е важно дали сте млад или стар, богат или сиромав, директор или работник.
Дајте нека конечно проработи свеста кај сите нас и нека гордоста и неверувањето ги замениме со горенаведените поуки“, напишаа од болницата на нивниот Фејсбук-профил.
Фото/Видео: Фејсбук/Општа болница Охрид
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тага во Општата болница во Охрид: Медицинска сестра почина од Ковид-19