еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Со Груевски во Будимпешта ручал вработен во Царинската управа

За двете лица вработени во Царинската управа што се сретнаа со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта е отворена истрага, а Внатрешната контрола ќе утврдува дали имало злоупотреба или немало, потврди денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и нагласи дека постапката се уште трае.

Тој посочи дека и второто лице е препознаено од видето на кое беше снимен царински работник како руча во ресторан во Будимпешта со поранешниот премиер и додаде дека работи во Секторот за контрола и истраги. За него, како што кажа, од претходно се води судска постапка за злоупотреба на службената положба.

-Правото на патување е лично право на секого и е уставно загарантирано. Како директор на Царинската управа немам нити основ, ниту, пак, можам некого да го контролирам и да му забранувам да патува во своето слободно време или кога е на одмор или на боледување. Можеме само да побараме од другите институции кои ги испитуваат условите да дадат одговор, како што и направивме. Кога ќе имаме информации ќе ги објавиме во јавноста, рече Танасоски на денешната средба со новинарите.

Тој посочи дека второто лице кое го има на фотографијата зело два дена годишен одмор и користело еден слободен ден.

-Не би сакал да откривам повеќе детали. За второто лице има одредени предистражни дејствија и за други предмети, рече Танасоски и додаде дека двајцата вработени кои беа во посета на Груевски во Будимпешта сега редовно доаѓаат на работа, а и претходно немале никакви проблеми со нив.

Нагласи дека во минатиот период во Царинската управа одредени вработувања „беа направени согласно други услови и критериуми и во Управата владееше сосема друга атмосфера и начин на управување и одлика на минатото беше да се следи секој каде оди и зошто оди“.

-Од денот на моето доаѓање не е направен никаков притисок врз кој било вработен да излезе да гласа или како да гласа, потенцира Танасоски.

МИА/Фото/видео: 24.hu

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40 дена штама за бегството на Груевски

Твитер „збесна“ за синусите на Александар Трајковски: „Д-р Груевски врши преглед на простата секој вторник и четврток“

Трајковски, кој беше фотографиран со Груевски тврди дека бил во Будимпешта на преглед за синусите и дишните патишта

Твитер „полуде“ за новото видео со Груевски: „Украде милијарда за да јаде во Унгарија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов: Ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески

Редакција

(Видео) Мицкоски обвини дека синоќа имало класична полициска монтажа чија цел била убиство

Редакција

На судењето за „Плацови на Водно” сослушани Софија Куновска, Дејан Митревски – Урко, Ивона Талевска

Редакција