еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

(Видео) „Со Народната банка во светот на финансиите“, нов проект за финансиска едукација

Од денеска започнува емитувањето на серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, којшто се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Предвидено е серијалот да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови.

Меѓу другото, со него ќе бидат опфатени теми од областа на плаќањата, личните финансии, кредитирањето и други значајни финансиски прашања.

„Визуелното претставување на одговорите на дел од клучните, актуелни економски прашања за граѓаните претставува иновативен пристап во финансиската едукација на населението кај нас, којшто веќе го применуваат повеќе централни банки на земји од Европската унија.

Претходно, во март годинава, започна објавувањето и на серијалот информативни и едукативни текстови „Економија за секого“. Подготовката на еден ваков проект е дополнителна потврда на решеноста на нашата централна банка да ги следи препораките на релевантните меѓународни институции и организации и најдобрите практики во сферата на финансиската едукација“, соопштуваат од Народна банка.

Серијалот „Со Народната банка во светот на финансиите“ ќе се подготвува и ќе се емитува и во текот на следната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Што треба да знаете кога аплицирате за кредит?

Редакција

Народна банка ја подготвува првата национална стратегија за финансиска едукација

Редакција

МВР предупредува на зачестена појава на компјутерска измама со криптовалути

Редакција