еМагазин
Image default
Бизнис

(Видео) Со официјална церемонија пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип

Автопатот Миладиновци  – Штип денеска официјално беше пуштен во употреба со церемонија кај Свети Николе во присуство на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.

„Оваа нова автопатска врска Миладиновце-Свети Николе-Штип е исклучително важна за рамномерниот регионален економски развој. Се обезбедуваат услови за поефикасен и побрз транспорт на стоки, производи, луѓе, што е многу важен предуслов инвеститорите да ја мапираат земјата како стабилна и долгорочна бизнис дестинација која нуди услови за сигурност и мултиплицирање на нивниот профит“, рече премиерот Заев.

Ова модерно автопатско решение, додаде, го спојува централниот дел на Република Северна Македонија и главниот град Скопје, со целиот источен регион. Граѓаните, рече Заев, добија модерно автопатско поврзување и можност побрзо да пристигнуваат до повеќе точки во источниот дел на земјата.

„Овој автопат останува во посед на идните генерации. Патот ќе се плаќа од граѓаните на Северна Македонија. Десет отсто како учество на Јавното претпријатие за државни патишта, а 90 отсто сите ние даночните плаќачи ќе го враќаме кредитот што е поволен за вакви инфраструктурни проекти. Овој модерен автопат е лице на новата, модерна Северна Македонија“, рече премиерот Заев.

Во живо од свеченото отворање на новиот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип

Во живо од свеченото отворање на новиот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип.

Posted by Zoran Zaev on Сабота, 06 јули 2019

Тој информира дека ЈП за државни патишта планира пошумување на косините на автопатот со 600 илјади садници багрем на површина од 30 хектари.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов во обраќањето на денешнто свечено пуштање во употреба на новиот автопат истакна дека на ваков начин се поврзува централниот дел на државата со источниот, а оти преку изградбата на новите експресни патишта Штип-Кочани и Штип-Радовиш побрзо ќе се поврзат градовите Струмица, Радовиш, Кочани, Берово, Делчево и другите градови од источниот и југоисточниот дел на РСМ.

„Вкупната должина на автопатската делница изенсува 47 километри со два коловози, со ширина на коловозот од 10,7 метри, со две возни ленти и лента за застанување со разделен појас од четири метри меѓу двата коловози. Вкупната дебелина на асфалтниот слој изнесува 19 сантиметри.

Овој автопат има седум клучки кај Миалдинвоци, Средно Коњаре, Преот, Свети Николе-север, Свети Николе-југоисток, Кадрифаково и Три чешми. На автопатот има пет големи вијадукти, еден голем мост на река Пчиња, уште неколку помали моста, 13 натпатници, 35 потпатници и повеќе од 146 плочести цевасти пропусти“, рече Китанов.

Градежните активности на автопатот Штип – Миладиновци се одвивале вкупно 4 години и 8 месеци, од мај 2014 до декември 2018 година, при што најголем интензитет на градење се случувал во периодот од 2017 до 2018 година. На оваа автопатска делница првично имала вредност од 226,7 милиони евра, но направена е заштеда од 44 милиони евра со што овој автопат е реализиран со вкупно 177,3 милиони евра.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакна дека автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип е крупен капитален проект кој ќе придонесе за економски раст на државата, а особено ќе го зајакне источниот регион како дел од Паневропскиот Коридор 8.

„Новиот автопат е од особена важност за регионалното поврзување со соседните земји како дополнителен импут за нашите евроитнегративни процеси“, рече Сугарески.

Тој забележа дека визијата на оваа Влада е да се инвестира во модерна патна инфраструктура, а во  источниот регион се инвестирани перку 100 милиони евра во изградба на нови експресни патишта и реконструкција на регионалните магистрални патишта. Тој најави дека во следниот период ќе се подигне безбедноста на патиштата на едно повисоко ниво.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека кога дошол на функцијата најголем предизвик му било да се забрза изградбата и да се отстранат сите препреки за квалитетна изградба на автопатот.

„Кога го гледам резултатот не можам да ја сокријам среќата дека успеавме да изградиме квалитетен автопат по светски стандарди кој овозможува безбеден и брз транспорт. Особено ми е важна безбедноста на нашите граѓани“, рече Анѓушев.

На денешното свечено пуштање се обрати и амбасадорката на Република Кина Лисјен која најави дека одобрен е евтин кредит и за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Се заблагодари на сите вработени во кинеската компанија „Синохидро“ и на македонските компании кои учествува во изградбата на автопатската делница Штип-Свети Николе-Миладиновци.

„Автопатот Штип-Миладиновци ќе ги подобри сообраќајните услуги во земјава и ќе допринесе за развој на трговијата и туризмот во населените места покрај автопатот“, рече Лисјен.

МИА/Фото/Видео: Фејсбук/Кочо Анѓушев/Зоран Заев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изненадување: Автопатот Миладиновци-Штип пуштен во употреба

Груевски со поздрав од Будимпешта: „Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен автопатот Скопје-Штип!“

Се скараа кој го изградил автопатот Миладиновци-Штип како од џеб да ги дале парите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Жан Митрев демантираат дека Клиниката се продала: Шпекулативни, нарачани и тенденциозни објави

Редакција

Автопатот Скопје – Штип ќе биде пуштен до крајот на мај

Редакција

Стечај за некогашниот гигант: На распродажба продавници, фарма и друг вреден имот на „Жито Вардар“

Редакција